недела, 30 октомври 2011 г.

Задача 5

За оваа задача треба да направите видео клип(ови).
Задачата има два дела:

1. да направите видео клип, по ваш избор, од интересни слики (може да ги најдете било каде... или на Photobucket од каде ќе си одберете некоја категорија, ќе симнете интересни слики и ќе направите видео) при што:
  • на почетокот да има наслов со темата на видеото
  • на крај да има запис за тоа кој го направил
  • помеѓу сликите да има различни премини/транзиции
  • да има музика (или ваш тонски запис)
  • големината на фајлот да биде околу 10 МВ (± 2-3МВ)
2. да направите видео клип со образовна содржина од некој предмет: физика, хемија биологија, историја, географија ... информатика (одберете си сами предмет и лекција/тема што ќе ја опфатите) или...да пронајдете три видео клипа од YouTube, Metacafe...и слични video sharing сајтови, со образовни содржини и нивните линкови да ги поставите во вашиот бокс.

Доколку имате YouTube (или некој друг video sharing) акаунт, поставете ги изработените клипови таму а во боксот поставете ги линковите до нив.

*за тие што сакаат повеќе од MovieMaker, на првата страна има линк до Camtasia

Рок: 09.11.2011

Нема коментари:

Објави коментар