недела, 9 октомври 2011 г.

Задача 4

Тема на оваа задача е: уредување на звучни/аудио фајлови.
Ќе треба да направите два звучни фајла со отсечени делови од барем пет други аудио фајлови-песни при што должината да не биде поголема од 2 минути. (едниот нека биде со англиски, а другиот со македонски песни...)
За тоа ќе треба да користите некоја програма за аудио уредување (audio editor), на пример Audacity  или некоја друга, по ваш избор...

Напомена: ако користите Audacity, за да експортирате во mp3 формат ќе треба дополнително да симнете и инсталирате Lame mp3 encoder (ова е линк до фајлот lame_enc.dll симнете го и кога програмата ќе побара, одете со browse до него...ќе се снајдете:)

Двата фајла поставете ги на вашиот бокс во фодерот Задача4.

Рок: 24.10.2011

Нема коментари:

Објави коментар