среда, 1 февруари 2012 г.

Второ полугодие

За почеток, додека не влеземе во форма :), нешто за вежбање од првите чекори од векторска графика. Пробајте, со алатките за цртање основни елементи (права, крива, правоаголник/квадрат, елипса/круг) и со алатката за обликување (shape) да ги извршите следните вежби:

1. права линија долга 10 cm - хоризонтална/вертикална
 2. крива линија во форма на парабола/синусоида.
 3. полигонална линија во форма на пила/полигон во форма на пила.
 4. правоаголник со страни 16 cm и 9 cm/заоблен правоаголник.
 5. квадрат со страна 10 cm/заоблен квадрат.
 6. правоаголен триаголник со катети 10 cm и 5 cm
 7. рамностран триаголник со страна 10 cm.
 8. рамнокрак трапез со една страна 10 cm и висина 6 cm.
 9. елипса со ширина 10 cm и висина 5 cm/полуелипса-долниот дел.
10. кружница со дијаметар 10 cm/четвртина од круг.

Рок: нема :)

Нема коментари:

Објави коментар