сабота, 25 февруари 2012 г.

Задача 12


За оваа задача, со програма за векторска графика, треба да направите план/скица, со точни димензии (за куќа-приближно, за другото: има на сликата) во размер 1:100 ( 1cm на скица = 100cm (1m) реално).
Изберете едно од:

  • куќа/стан
  • ресторан
  • канцеларија
  • игралиште за
    -фудбал
    -кошарка
    -ракомет
  • ...или нешто друго..
Пример на некои скици:
 

 




(клик на сликата за да ги видите димензиите, а текстот и боите, по ваш избор)

Рок: 11.03.2012

петок, 3 февруари 2012 г.

Задача 11

Како прва вежба од векторска графика: од трите слики, избери по три симболи/знамиња и со алатките за цртање основни објекти, алатката за обликување (shape) и алатките за трансформации, нацртај ги и зачувај ги во оригиналниот формат. Фајлот постави го на твојот бокс во фолдер Задача 11.
  
п.с. за знамињата, односот на страните нека биде 2:1

Рок: 20.02.2012

среда, 1 февруари 2012 г.

Второ полугодие

За почеток, додека не влеземе во форма :), нешто за вежбање од првите чекори од векторска графика. Пробајте, со алатките за цртање основни елементи (права, крива, правоаголник/квадрат, елипса/круг) и со алатката за обликување (shape) да ги извршите следните вежби:

1. права линија долга 10 cm - хоризонтална/вертикална
 2. крива линија во форма на парабола/синусоида.
 3. полигонална линија во форма на пила/полигон во форма на пила.
 4. правоаголник со страни 16 cm и 9 cm/заоблен правоаголник.
 5. квадрат со страна 10 cm/заоблен квадрат.
 6. правоаголен триаголник со катети 10 cm и 5 cm
 7. рамностран триаголник со страна 10 cm.
 8. рамнокрак трапез со една страна 10 cm и висина 6 cm.
 9. елипса со ширина 10 cm и висина 5 cm/полуелипса-долниот дел.
10. кружница со дијаметар 10 cm/четвртина од круг.

Рок: нема :)