понеделник, 26 септември 2011 г.

Задача 2


За втората задача, треба да направите Panoramio профил/акаунт (за тоа ќе ви треба активен е-mail акаунт, а доколку имате на gmail тогаш може директно со него да се логирате) и на него да поставите и мапирате со точна локација од каде е сликано, барем пет слики од вашата околина (поглед кон вашата улица/куќа, кон градот/селото во кое живеете, некои позначајни места околу вас...).
Сликите (од мобилен или дигитален апарат) прво намалете ги на 800х600 или 1024х768 пиксели и такви аплоудирајте ги.
Адресата на вашиот панорамио акаунт (нешто како http://www.panoramio.com/user/112656 -ова е мојот) поставете го на вашиот бокс во фолдерот Задача2, како линк.


Напомена: пред да сликате, проверете на Google Maps/Earth дали веќе има такви слики...да не се повторуваат.


Рок: 16.10.2011 (имате време, сликајте на убаво, сончево, време:)

Нема коментари:

Објави коментар